Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски и Синфин продолжија да собираат бодови во АСОБАЛ лигата

Објавено

на

Синфин на нашиот интернационалец Дарко Димитриевски продолжи да собира бодови во АСОБАЛ лигата.

Овојпат Македонецот и неговите колеги остана непоразени на гостувањето кај Вилја Де Аранда, дуел кој заврши без победник 28-28. За Синфин ова е второ сезонско реми или вкупно 8 бод со тоа што мора да се забележи дека најголемиот дел од нив ги освои на последните пет средби каде има учинок од две победи, две нерешени и еден пораз од УЕСКА.

Димитриевски одигра без грешка, поточно имаше два од два. Лон и Алмеида со по седум голови беа најефикасни во двата табори.

Синфин во следното коло е домаќин на Нава што е одлична можност за победа со оглед на тоа што противникот на последното место на табелата во Шпанија.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни