Шпанија
Димитриевски и Рајо победија во продолжението на дуелот кој започна пред 179 дена
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше дел од несекојдневниот натпревар, во кој неговиот Рајо Валјекано успеа да го победи Албасете во рамките на втората шпанска лига.
Ова фактички беше прв натпревар во Шпанија по принудната пауза поради коронавирусот, а се играше само второто полувреме бидејќи средбата беше прекината пред 179 дена, поради навредите на домашните фанови на сметка на Роман Зозулја од гостинскиот состав.
На 15 декември судијата реши дека средбата треба да се прекине на полувреме поради скандирањето на домашните фанови кои го обвинија Украинецот дека е „нацист“, нешто што тој постојано го демантира.
Денеска дуелот продолжи со резултат 0:0, но домаќините славеа со атрактивниот погодок на Адвинкула постигнат во 61. минута.
Димитриевски играше до крајот и во финишот заработи жолт картон, a со денешниот епилог Рајо е на седмото место и на три бода до место кое води во плејоф.
Golaaaaaaazo! ⚽️
Esa jugada de Advíncula ya lo ha practicado antes en varios partidos, por ejm ante Nueva Zelanda.
Ganó el Rayo Vallecano con este gol. pic.twitter.com/ufMvnuexZs— *Fran Rázuri* 🔝🇵🇪 (@fran_2444) June 10, 2020
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити