Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски и Рајо настрадаа на „Сан Мамес“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AthleticClub

Атлетик Билбао ја продолжи добрата серија на резултати и полека се вклучува во трката за топ четири во Примера, особено откако на домашен терен успеа да го надигра Рајо Валјекано со убедлива победа.

„Лавовите“ од Баскија покажаа дека во овој момент се далеку порасположен и посериозен ривал од мадридскиот тим за кој брани Столе Димитриевски, па нашиот репрезентативен голман мораше да ја вади топката од голот во четири наврати.

Рајо Валјекано не беше толку инфериорен како што покажува резултатот, но домаќините беа навистина ефикасени, но имаа и среќа како што беше случај на стартот на вториот дел.

Гурусета го постигна единствениот гол во првиот дел кој беше доволен да се замина на пауза со 1:0, а самиот старт на вториот дел донесе втор погодок. Ињаки Вилијамс имаше намера да центрира, но топката се одби од Еспино и заврши зад грбот на Столе.

Димитриевски во продолжение прими уште два гола од Ињаки и Нико Вилијамс, па Атлетик со убедливата победа од 4:0 се искачи на петтото место и има само три бода помалку од Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни