Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски и Рајо имаат „црна мачка“: Ведат Муричи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCD_Mallorca

Ведат Муричи веќе неколку сезони настапува на највисоко ниво во Мајорка, па со тоа се претвори во ударна игла во нападот на тимот кој го води искусниот Хавиер Агире.

Косоварецот оваа сезона не е ефикасен како во претходните две, но сепак денеска дојде до израз на дуелот против својот омилен противник.

Рајо Валјекано се навикна да прима голови од Муричи последниве сезони, а Ведат денеска го постигна петтиот во низа на последните пет меча против Столе и соиграчите.

Денешниот го постигна во 91-та минута и истиот беше вреден победа, бидејќи Мајорка со неговиот удар со глава победи со 2:1.

Муричи беше највисок и најснаодлив во скокот во кој потфрлија дефанзивите на Рајо, по што Столе не можеше да направи ништо во дадената ситуација.

Голот погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни