Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски и Димитриоски со по едно промашување против Бидасоа Ирун (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Македонските ракометни интернационалци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски со нивниот Валјадолид не успеаа да направат изненадување во пресемтката со Бидасоа Ирун во АСОБАЛ лигата.

Домаќиниот се бореше од првата до последната минута, му парираше на фаворитот кој во вториот дел сепак успеа подобро да се снајде особено во завршницата и да се избори за славје од 35:33.

Димитриевски и Димитриоски се прикажаа во позитивно светло, првиот беше автор на три гола од четири обиди, вториот имаше два реализации од три шута.

Мартинез со 9 гола беше најефикасен нивни соиграч, кај победникот листата на стрелци ја предводеше Нието со седум погодоци.

Валјадолид во следното коло му гостува на шампионот Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни