Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски и Димитриоски со едно промашување против Бидасоа Ирун

Објавено

на

Македонските интернационалеци, Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски имаа добар настап против Бидасоа Ирун во АСОБАЛ лигата.

Нивниот Валјадолид не успеа да направи изненадување и загуби на ова гостување со 33-28. Ова беше дуел на кој домаќинот имаше контрола на играта од почетокот до крајот, па така првиот дел го реализираше со плус три (15-12), позитива која ја зголеми во продолжението.

Ечепаре и Муњоз со по 6 голови беа најдобри кај победникот, додека Оливеира со 5 погодоци беше најдобар стрелец кај поразените.

Нашите Димитриевски и Димитриоски имаа само едно промашување на овој меч, првиот имаше два од два, вториот пак три од четири.

Валјадолид по четири кола има две победи и два порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни