Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски и Димитриоски со „четворка“ против Барселона

Објавено

на

Валјадолид на Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски доживеа очекуван пораз од Барселона од 42:27 во денешниот меч од 19. коло во АСОБАЛ лигата.

Барселона со години е доминатна во шпанскиот ракомет и немаше никаков проблем да дојде до посакуваниот резултат во дуелот со избраниците на Писонеро. Каталонците во двете полувремиња дадоа по 21 гол, а најрасположен за игра беше Лангаро со 7 погодоци.

Димитриоски пак беше перфектен со еден од еден, додека Димитриевски реализираше три од седумте обиди за погодок.

Во наредната рунда ривал на Македонците и нивните колеги ќе им биде Торелавега, тим кој се наоѓа на 9. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни