Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски и Димитриоски искомбинираа пет гола во победата на Валјадолид

Објавено

на

Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски од оваа сезона настапуват заедно во тимот на Валјадолид со кого денеска ја издвојуваа втората сезонска победа во АСОБАЛ лигата и тоа против Пуенте Хенил.

Избраниците на Давид Писонеро (поранешниот тренер на Вардар) славеа со 33-29 и тоа во средба во која ги добија двете полувремиња, првото со 16-13, а второто со 17-16.

Д’Антони со десет гола беше најефикаен играч, Димитриевски пак даде четири гола од осум обиди, додека Димитриоски одново имаше еден од еден.

Нареден ривал на Валјадолид е тимот на Бидасоа Ирун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни