Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски го откри својот омилен играч од славната Валенсија при презентацијата на „Месталја“ (Видео)

Објавено

на

Foto: facebook.com/valenciacf.en

Столе Димитриевски потпиша за Валенсија пред еден месец, но денеска ја дочека својата презентација во новиот клуб, заедно со второто летно засилување кое денеска беше потврдено од „лилјаците“.

Македонскиот чувар на мрежата позираше заедно со напаѓачот Рафа Мир и Валенсија во живо ја пренесуваше промоцијата на двајцата фудбалери, на која видовме излагање и од Столе поврзано за една легенда на клубот.

Димитриевски доби прашање да избере еден омилен играч од златната генерација на Валенсија која освои две титули во Ла Лига и трофеј во Купот на УЕФА, а Столе без размислување го посочи голманот Сантијаго Кањизарес.

– Кога бев мал, најмногу ми се допаѓаше Кањизарес. Не го гледав кога играл во Реал, но затоа го гледав во Валенсија. Жолтиот дрес и белата коса беа препознатливо за него. Беше навистина интересно да се гледа, тој имаше извонредни партии како играч на Валенсија. Го бирам него, – изјави Димитриевски, кој вели дека пристигнал на „Месталја“ да се бори за своето место и да му помогне на тимот, без разлика на тоа дали Гиорги Мамарадшвили ќе остане, или ќе биде продаден до крајот на преодниот рок.

– Потпишав за Валенсија знаејќи дека има добар голман како Мамардашвили. Тој имаше одлични две години, а го потврди тоа и на Европското првенство. Дојдов тука да се натпреварувам и да му помогнам на тимот, – одговори Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни