Шпанија
Димитриевски фантастично бранеше, но сепак не спречи пораз од најголемото изненадување во Шпанија (Видео)

Џирона продолжува да импресионира и да ја воодушевува цела шпанска јавност со континуитетот кој го покажува во оваа натперварувачка сезона, бидејќи малиот каталонски тим победи и на секогаш жешкото гостување на „Валјекас“.
Столе Димитриевски и соиграчите направија се што можеа ова гостување да биде најнепријатно за лидерот во Примера, па иако Рајо Валјекано поведе на семафорот, на крајот претрпе прв пораз од почетокот на месец септември.
Рајо поведе со доста среќа по акцијата меѓу Паласон и Гарсија, а во продолжение Столе уште еднаш брилјираше на голот и со фантастична одбрана спречи израмнување.
Македонскиот репрезентативец брани во врвна форма и речиси секое коло има по една брилијантна одбрана, но сепак не можеше да направи ништо во 42-та минута кога стоперот на Рајо се лизна и му овозможи на Довбјик да израмни на 1:1.
Во вториот дел, двата тима имаа свои шанси и најдобри беа Газанига и Димитриевски, но иако Македонецот одреагира извонредно при една стопроцентна шанса на Довбјик, во дадената ситуација немаше среќа и топката заврши кај Савио.
Овој ја погоди празната мрежа за 1:2, па Димитриевски и покрај петте успешни одбрани на крајот мораше да се помири со прв пораз после цели два месеци.
Од друга страна, Џирона продолжува со страшната форма и како лидер на табелата сега има пет бода повеќе од Реал Мадрид, тим кој вечерва игра дерби пресметка против Валенсија на „Бернабеу“.
What a save from Stole Dimitrievski 🧤🇲🇰pic.twitter.com/vogkeBIGo5
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) November 11, 2023
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 23 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 24 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Шпанијапред 11 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!