Димитриевски со едно промашување против Пуенте Хенил

darko

Македонскиот репрезентативец, Дарко Димитревски одигра добар натпревар за Синфил во првата лига на Шпанија и тоа ан гостувањето кај Пуенте Хенил.

Велешанецот реализираше три од четирите обиди, односно единственото негово промашување беше од линијата од шест метри. Меѓутоа ова негово издание не беше доволно за поволен резултат против домаќинот кој беше расположен за игра и на крајот славеше со 32-23 и тоа откако одигра пеколно второ полувреме (20-10).

Синфин останува на 11 бода што во моментов е доволно за 9 позиција на табелата во АСОБАЛ лигата.

Facebook Коментари