Шпанија
Димитриевски доби нов соиграч од Премиер лигата (Фото)

Столе Димитриевски почувствува како е да се биде стартен голман на Валенсија и до таков статус дојде поради повредата на Гиорги Мамардашвили, па иако голманската позиција е онаа која е најдобро покриена на „Месталја“, повеќе од јасно е дека останатиот дел од тимот не ги исполнува критериумите за клуб од рангот на овој шпански клуб.
Валенсија го заврши првиот дел од сезоната во Ла Лига како последнопласиран тим на табелата со 13 освоени бода од 19 меча, биланс кој го натера раководството да биде малку поактивно во овој старт на зимскиот преоден рок.
„Лилјаците“ веќе донесоа прво зимско засилување и тоа беше Умар Садик од Реал Сосиедад, но Столе Димитриевски денеска доби уште еден соиграч.
Станува збор за дефанзивец кој пристигнува од Премиер лигата, или поточно од редовите на Борнмут. Десниот бек Макс Аронс ќе биде важно засилување како десен бек, позиција на која Валенсија мораше да носи нов фудбалер по тешката повреда на Тјери Кореа.
Англискиот дефанзивец го прави трансферот како позајмен фудбалер, со тоа што Валенсија налето ќе има право да го откупи за 9 милиони евра.
1️⃣9️⃣🦇#BenvingutMaxAarons#ADNVCF pic.twitter.com/7Ng8V2QItE
— Valencia CF (@valenciacf) January 13, 2025
-
Лига на шампиони16 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Шпанија23 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони15 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција22 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Англија24 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед
-
НБА22 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони12 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)