Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски дебитираше со победа на голот на Валенсија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Столе Димитриевски одигра шест натпревари за Валенсија во подготвителниот летен период, но на крајот испадна дека македонскиот чувар на мрежата мора да чека речиси шест месеци за своето деби.

Најдобриот македонски голман денеска конечно ја дочека својата шанса и за првпат заигра на официјален натпревар како член на Валенсија, и тоа во рамки на најмасовното натпреварување во Шпанија.

„Лилјаците“ денеска го одиграа првиот од трите одложени натпревари поради поплавите во Валенсија, а во меч кој не беше воопшто атрактивен, фаворитот си ја заврши работата.

Нисколигашот Парла му овозможи на тренерот Рубен Бараха да им даде шанса на сите играчи со помала минутажа, но посебно вредна е стартерската позиција која ја доби Димитриевски.

После петте меча во низа на кои постави рекорд како македонски репрезентативец, Столе сега придодаде уште еден натпревар во својата серија, бидејќи Валенсија денеска ја сочува својата мрежа во дуелот со Парла.

„Лилјаците“ славеа со минимални 0:1 за пласман во следната фаза на Копа дел Реј, а единствениот гол беше дело на Пепелу.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни