Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитриевски: Целта е да не бидам совладан, утре ќе бидеме на високо ниво

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација утре ја дочекува Романија во последниот предизвик во овој септемвриски циклус на натпревари од квалификациите за Светското првенство во Катар.

Во изминатиов период освоивме два бода во дуелите против Ерменија (0-0) и Исланд (2-2), па сега желбата е да се стигне до триумф против противникот кој во месец март не порази во Букурешт со 3-2 со голот на Хаџи во 86 минута.

Голманот, Столе Димитриевски порача дека се подобро ги разбираат замислите на селекторот Благоја Милевски и очекува утре како група да се претстават во најдобро светло пред скопската и македонската јавност.

-Мојата цел ќе биде како и на првиот натпревар, ќе се обидам заедно со соиграчите да не бидам совладан. На претходните два меча шансите на противникот се минимизирани, тоа зборува за нашата добра поставеност во дефанзива и дека целосно ги разбираме тактичките барања на селекторот.

– Одигравме одлични 75. минути во Исланд, направив грешка за првиот гол, а потоа ни се случи психолошки пад. Ама нализиравме, работевме на сите аспекти во играта и се надевам дека утре ќе бидеме на високо ниво, -порача членот на Рајо Валјекано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни