Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски блескаше против Грањолерс

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Дарко Димитриевски одигра фантастично против Грањолерс на вечерашниот натпревар во АСОБАЛ лигата.

Димитриевски и Синфин на хартија важеа за големи аутсајдери, но на теренот сликата беше поинаква и многу го испотија фаворизираниот домаќин за да дојде до посакувата победа. Грањолерс на крајот се избори за минимален триумф од 30-29 и тоа благодарение за нијанса подобрата игра во вторите 30 минути (14-13).

Нашиот Димитриевски со осум гола (од десет обиди) беше втор стрелец на средбата зад соиграчот Бесера кој беше автор на девет погодоци.

Синфин во следното коло ќе го пречака актуелниот шампион Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни