Димитриевски блескаше против Анаитасуна

dare

Македонскиот репрезентативец, Дарко Димитриевски блескаше во дресот на Синфин на мечот против Анаитасуна во АСОБАЛ лигата.

Човекот кој се најде на поширокиот список на селекторот Данило Брестовац за ЕП кое се игра на почетокот на наредната година одигра фантастично и беше најдобар поединец на средбата во Сандандер. Дарко беше прв стрелец со осум постигнати голови, односно само имаше едно промашување и тоа од линијата за девет метри.

Меѓутоа за жал ова негово издание не беше заокружено на идеален начин затоа што Синфин пред своите гледачи загуби со 32-29. Ракометарите на Анаитасуна беа за нијанса подобри како во првото така и во второто полувреме, па заслужено се израдуваа на 6 сезонска победа.

Синфин со 11 бода е на 9 позиција на табелата во најсилната шпанска конкуренција.

Facebook Коментари