Шпанија
Димитриевски: Би потпишал доживотен договор со Рајо, сега сакаме победа над Реал!

Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски веќе долго време е во Шпанија со тоа што најдобрите партии ги имаше во Рајо Валјекано, клуб во кој настапува од 2018 година.
Столе е многу важен дел од составот од Мадрид, незаменлив е на голманската позиција и постои голема взаемна почит која најдобро се гледа по последната изјава на нашиот ас кој порача дека би сакал да остане во сегашната средина до крајот на животот.
-Јас им кажав во клубот дека сакам да останам. Ако треба да потпишам договор до 2029 година – ќе потпишам! Ако треба да потпишам договор до почеток на тренерска кариера – ќе го сторам тоа. Ако треба да останам до крајот на животот – ќе потпишам. Јас сум многу благодарен на овој клуб, тука се чувствувам прекрасно. Тука ме ценат, ми дадоа шанса и јас се обидувам секогаш да до дадам најдоброто од себе за клубот. Многу сум благодарен и среќен. Ние имаме договор, но јас не сакам да ги притискам. Зашто да не завршам тука? Тоа ми е идеата. Ако треба да останам уште 10 години да ги ‘мачам’, ќе ми биде задоволство, -вели Димитриевски кој се надева дека со Рајо ќе излезе во Европа со тоа што мора да се освојуваат бодови почнувајќи од утрешниот меч со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
-За да го победиме Реал треба да сме на најдобро ниво, но можеме и ќе се бориме до крај. Во соблекувалната сите сонуваат меч Рајо Валјекано – Ливерпул, -порачува Македоенцот.
Димитриевски има договор со Рајо до 30 јуни 2024 година.
-
Шпанијапред 10 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 13 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 11 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Италијапред 10 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 9 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 6 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 14 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 5 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)