Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски: „Бернабеу“ и „Камп Ноу“ импресионираат, но Месталја….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Столе Димитриевски вчера го дочека денот кој долго го чекаше и позираше со клупските обележја на Валенсија, а при својот прв ден во новиот клуб, македонскиот чувар на мрежата не пропушти да испорача низа изјави со кои ги освои и срцата на фановите.

Првиот голман на македонската фудбалска репрезентација е навистина ценето име во Шпанија и тоа го заслужи со своите изданија во Рајо Валјекано, но при пристигнувањето во Валенсија, не го криеше задоволството што ќе ги брани боите на клубот чиј заштитен симбол е „Месталја“.

Во своето обраќање за официјалната телевизија, Столе откри дека им се исповедал на своите блиски пријатели уште пред шест години, односно им посочил дека „Месталја“ е стадионт од кој останал најимпресиониран во Шпанија.

– Зборував со неколку мои пријатели за ова, за првиот пат кога пристигнав на „Месталја“ пред шест години. Тоа е стадионот кој најмногу ме импресионираше. Кога излегов од тунелот, ми се допаѓаа високите трибини и истото го сметаат и фановите кои долго време доаѓаат на стадионот. Се запознав со филозофијата кога доаѓав како гостин, знам дека сите на стадионот даваат се за тимот да се чувствува како едно.

– „Бернабеу“ и „Камп Ноу“ импресионираат, но „Месталја“ ми остави многу поголем впечаток и имаше поголемо влијание врз мене. Навистина ми се допаѓа стадионот, – изјави Димитриевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valencia CF 🦇💯 (@valenciacf)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни