Поврзете се со нас

Свет

Димитревски и Синфин не успеаа да ја изненадат Уеска

Објавено

на

Тимот на Синфин за кого настапува Дарко Димитриевски не успеа да дојде до нов позитивен резултат и загуби на домашен терен од Уеска со 29-25.

Ова за ракометарите на Синфин беше деветти сезонски пораз во АСОБАЛ лигата, а истиот го забележаа откако противникот беше подобар од нив како во првото (14-11) така и во второто полувреме (15-14). Мартинез со осум погодоци ја предводеше листата на стрелци кај домаќините за кои повремениот македонски репрезентативец Димитриевски даде три гола од пет обиди.

Кај Уеска се издвоија Пинто и Фуентес со по пет голови.

Следниот меч за Даре и пријателите е на гостински терен против Пуерто Сагунто, екипа која исто така има пет освоени бодови во шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни