Поврзете се со нас

Македонија

Димчевски по четири години си замина од Гостивар, се договори со македонскиот вицешампион

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Ивица Димчевски во новата сезона ќе го гледаме во нова средина и тоа во таборот на Еуро Никел.

Тој одлучи да го прифати повикот од Кавадарци и да се пресели во таборот на македонскиот вицешампион. Димчевски доаѓа во Еуро Никел од Гостивар каде што ги мина изминативе четири години, претходно беше дел од Вардар, Торус, Куманово, Работнички и Струмица.

Инаку Димчевски кој беше дел од историската македонска репрезентација која го освои четвртото место на ЕП во Литванија во минатата кампања имаше просек од 10, 3 поени и 4,4 скокови по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни