Поврзете се со нас

Италија

Димарко во елемент: Од ѕвезда на Интер до лидер на ултрасите (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер го доби дуелот со Наполи (1-0) и го освои првиот трофеј во оваа сезона и тоа во рамките на Супер Купот на Италија.

„Нероаѕурите“ во полуфиналето си поиграа со Лацио за да вчера се изборат за славје над поранешниот тим на Пандев и Елмас со гол во самата завршница кој беше дело на напаѓачот Мартинез. Секако во таборот на Интер се израдуваа на овој успех, пехар кој може многу да значи од аспект на зголемување на самодовербата пред престојните важни битки како во Серија А така и во ЛШ.

Еден од највеселите, најсреќните дефинитивно беше Федерико Димарко кој со мегафон ги водеше скандирањата, песните за успехот на Интер.

Тој е роден во Милано, дете е на Интер и е миленик на навивачите, ултрасите и секогаш е со нив кога екипата освојува титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни