Поврзете се со нас

Италија

Димарко со оригинална изјава за својот неверојатен гол: Избегнав пцовки од фановите! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер оствари победа над Фрозиноне со 2:0 и се врати на врвот на табелата во Серија А, но овој меч најмногу ќе остане во сеќавање на ремек-делото кое го видовме пред крајот на првиот дел.

Федерико Димарко режираше фудбалска магија и постигна еден од најоткачените голови во последните неколку години, кој сигурно ќе биде кандидат за погодок на сезоната во Серија А.

Левиот бек на Интер биеше откосо и погоди во мрежата на Фрозиноне од 56 метри, а по натпреварот даде и интересно објаснување за помислата која ја добил кога добил топка во празно.

– Во прв момент го видов Дамфрис на другата страна, а потоа видов дека голманот не е на своето место и се решив да пробам. За среќа топката заврши во мрежата, ако не беше така, ќе следеа низа пцовки и навреди од трибините за непотребен обид.

– Избегнав пцовки со погодокот, кој сигурно е еден од најдобрите во кариерата. Не го почнав натпреварот добро и направив многу грешки, но најважно е што тимот на крајот оствари победа, – изјави Димарко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни