Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Димарко: Не смееме да направиме грешка, подготвени сме за атмосферата на „Метрополитано“

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер ќе мора успешно да го положи испитот кај Атлетико Мадрид ако сака да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Калчолигашот ја доби првата средба во Милано со 1-0, но сега ќе мора да има квалитетна партија во Мадрид на теренот на кој Атлетико секогаш е дополнително мотивиран и воден од навивачите може да ја сруши секоја екипа.

-Резултатот е минимален, па не смееме да направиме грешка и да мислиме дека тоа е доволно. Мора да играме со нашиот вообичаен менталитет, почнувајќи од 0-0 и со нашиот вообичаен пристап. Ги познаваме навивачите на Атлетико Мадрид, дури и гледајќи ги натпреварите на телевизија, можете да ја почувствувате атмосферата, но ќе биде слично на она што го доживеаја на Сан Сиро. Ќе биде пријатна атмосфера за сите вклучени во натпреварот, -истакна Федерико ДиМарко.

Калчолигашот „гази“ се пред себе во 2024 година и дефинитивно самодовербата е на највисоко ниво.

-Мора да го имаме истиот менталитет што го имаме во текот на целата сезона, да останеме цврсти и да се обидуваме да донесеме позитивен резултат дома. Мислам дека во Лигата на шампионите секогаш мора да се трудиме да играме исто на гости како на домашен терен. Секако дека сакаме да одиме до крај, но претстои многу тежок натпревар, -порача италијанскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни