Лига на шампиони
Димарко го „пецна“ Сити пред финалето во Истанбул: Трофејот за нас е сон, а за нив опсесија

Во сабота се закружува оваа сезона во Лигата на шампионите и тоа со финалето во Истанбул во кое за трофејот ќе се борат англискиот првак Манчестер Сити и калчолигашот Интер.
Сити има желба конечно да дојде до првиот трофеј во елитното натпреварување и на тој начин со тројна круна да ја заврши кампањата со што на тој начин ќе го повтори успехот на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
Од друга страна пак „нероаѕурите“ имаат можност за првпат по 2010 година да бида на врвот на европскиот фудбал и со тоа да ја комплетираат неверојатната година во ова натпреварување.
На хартија премиерлигашот е фаворит, меѓутоа тоа ќе мора да го потврди и на теренот каде италијанците најавуваат голема борба, па Федерико Димарко малку и го „пецна“ англискиот претставник.
-Многу сме среќни што ја постигнавме оваа цел, ова го заслуживме поради се што направивме на теренот. Знаеме дека играме против силен тим, но за нас ова финале, освојување на трофејот е сон. За нив тоа е опсесија, -рече дефанзивецот и продолжи:
-Не може секој да ја мине групата во која се Баерн или Барселона и нормално е да се менуваат прогнозите. Игравме против силни екипи и со настапите на теренот покажавме дека заслужуваме да бидеме во финалето, а во натпреварот влегуваме со еднакви шанси. Тие се многу силни, тоа го знаеме. Сепак, Интер мора да биде Интер, мораме да ја вложиме сета наша гордост и сите сили во него. Ако одиграме како што Интер треба да игра, можеме да успееме, -заклучи Федерико.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Светпред 8 часа
Митровиќ збесна и со рафал од српски пцовки го напушти теренот во Саудиска Арабија (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти: Џирона може да се бори за титулата