Поврзете се со нас

Италија

Дијаз за соработката со Ибрахимовиќ: Ако не му додадам…

Објавено

на

Милан по пауза од единаесет години го освои пехарот во Серија А, шампионски тим од кој дел беа Златан Ибрахимовиќ и Брахим Дијаз.

Меѓу Шпанецот и Швеѓанецот има огромна разлика во годините (22 и 40), но тоа не им е проблем да соработуваат на теренот со тоа што помладиот откри што мора да прави на теренот за да не добие некоја „заушка“ од голгетерот.

-Ибрахимовиќ е на возраст на мојот татко, но тој сепак прави разлика на теренот. Тој е врвен играч, харизматичен е и сака да победува.

-Сака да работи на тренинзите и тоа се пренесува на другите играчи. Златан ми го олеснува животот на теренот бидејќи знам дека треба да му ја подадам топката. Ако не му додадам ќе се налути, -истакна Дијаз кој во Милано игра како позајмен играч од Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни