Поврзете се со нас

Шпанија

Диего Симеоне со коментар за ВАР системот во Ла Лига: Тој е повеќе од корист за тимови како Реал Мадрид…

Објавено

на

Изминатиов период, посебно по продолжувањето на сезоната во шпанската Ла Лига, ВАР системот се почесто е на удар на фудбалската јавност во оваа земја.

Во неколкуте кола кои се зад нас се донесени неколку во најмала рака скандалозни одлуки кои директно влијаеја на конечните исходи на натпреварите.

Токму затоа од сите страни доаѓаа рекации, главно негативни во однос на ВАР системот. Сега со свој коментар се јави и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој даде смирен одговор и не нападна никого, туку напротив истакна дека со овој систем значително се намалени шансите за грешка на судиите.

– ВАР открива се. Претходно немаше можност некои работи да се воочат, беа правени грешки. НО, вака е поправедно.

– Ако на некој тим му се досудат повеќе пенали, тоа е затоа што тимот напаѓа повеќе и повеќе време поминува во казнениот простор на противникот, како што е случајот со Реал Мадрид.

– Некогаш судијата на терен не може да види што се случило, но сега има кој да го извести дека треба да провери одредени ситуации, -изјави Чоло Симеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни