Диего шоу во Нижни: Марадона направи спектакл на трибините со дрес на Лео Меси (Видео)

maradona-nizni

Аргентина и Хрватска одигра прво полувреме без голови на натпреварот кој се игра во Нижни Новгород, но покрај случувањата на теренот, за фудбалските фанови пристутни на трибините воопшто не беше здодевно благодарение на Диего Армандо Марадона.

Како и на првиот меч на Аргентина, Марадона со сиот свој жар и страст ја бодри својата селекција, со тоа што овојпат пред натпреварот направи вистинско шоу со дресот на Лео Меси во раката. Легендарниот Диего го развиори и потоа го бакнуваше дресот на Меси, давајќи им огромна поддршка на Аргентинците од вип ложата на стадионот во Нижни.

Facebook Коментари