Поврзете се со нас

Англија

Диего Коста со несекојдневен гол стави крај на неверојатниот пост (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Диего Коста пристигна во редовите на Вулверхемптон како замена за тешко повредениот Саша Калајџиќ, но му треба точно шест и пол месеци за да го постигне првиот гол во новата средина.

Вулверхемптон се надеваше дека во искусниот Бразилец ќе добие големо засилување, но 34-годишниот напаѓач е далеку од формата во која настапуваше во Челси и му требаше многу долго за да го прекине неверојатниот пост.

Коста денеска со многу среќа постигна несекојдневен гол против Брентфорд во победата од 2:0, па така конечно се израдува на еден погодок во дресот на „волците“.

Навивачите на „Молину“ го поздравија голот на страствениот Бразилец, кој по кам-бекот во Премиер лигата, сега повторно погоди во англиската елита по пауза од 2155 денови.

Претходниот гол на Коста во Премиер лигата датира од 21-ви мај 2017-та година, период во кој се уште настапуваше за Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни