Поврзете се со нас

Англија

Диего Коста со најлуда објава го одбележа пензионирањето на Азар (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Диего Коста својата фудбалска слава ја стекна како прв напаѓач на Атлетико Мадрид, но многу добро време мина и на „Стемфорд Бриџ“ бранејќи ги боите на Челси.

Темпераментниот напаѓач успеа да се наметне и во Премиер лигата и уживаше во соработката која ја имаше со Еден Азар, а на денот кога Белгиецот објави дека заминува во пензија, Бразилецот со шпански пасош издоминира со објавата.

Коста го привлече вниманието и ја имаше можеби и најоригиналната порака за фантастичното белгиско крило, кое во кариерата беше познато по тоа што не внимавата на строгиот режим и препорачаната диета.

Азар знаеше да ужива во добро друштво со пиво и хамбургери и во најдобрите денови во Премиер лигата, па Коста го испрати со порака зачинета со неговата „слабост“.

– Беше огромно задоволство да се игра со тебе брате. Уживај на најдобар начин во животот, – порача Коста, а на објавата додаде емотикони од пиво и хамбургер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни