Шпанија
Диего Коста си ја купи слободата и избегна затворска казна од судот
Диего Коста е само еден од низата фудбалери кои имаа проблеми со шпанското обвинителство поради затајување на данок, па откако беше изведен пред судот, напаѓачот на Атлетико конечно одлучи дека најпаметно решение е да се дојде до заедничка спогодоба.
Првично, Диего Коста ги отфрлаше обвинувањата и најавуваше дека ќе оди до крај, но денеска ги признал сите свои погрешни дела и прифатил да ја плати предвидената казна за да си ја купи слободата.
Наместо да оди шест месеци во затвор, Коста доби шестмесечна условна казна која нема да ја отслужува, сето тоа како замена за 36 илјади евра. Станува збор за кривиично дело од 2014-та година кога напаѓачот се пресели во Челси, но откако играчот покажал желба да се дојде до взаемно решение, ги прифатил сите олеснителни околности во кои се вклучени финансиски отштети.
Покрај тоа што има веќе платено 1,1 милион евра, Коста во наредните 12 месеци ќе плаќа по 100 евра на дневно ниво на сметка на државата на која и наштетил, а исто така е казнет од судството со дополнителни 507 илјади евра за направеното кривично дело.
На овој начин, Коста се извлече од затворската казна која му се закануваше, а според најавите, отсега побара од Атлетико Мадрид да се грижи за сите негови давачки кон државата, односно да бидат одбивани од платата која ја добива.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка