Поврзете се со нас

Италија

Дида: Му недостасуваа основни елементи кога дојде во Милан, а сега е еден од најдобрите во светот

Објавено

на

Нелсон Дида е жива голманска легенда на Бразил, која своите најдобри играчки денови ги имаше во редовите на Милан, клуб во кој успеа да освои се што можеше да се освои.

Во своите десет години на „Сан Сиро“, Дида ги стави во своите витрини најважните трофеи од Италија и прокнижи две титули во Лигата на шампионите, па како човек чиј глас посебно се слуша во Милано, сега даде една интересна изјава за откровението на сезоната минатата година.

Милан одлично се снајде по заминувањето на Донарума и Мењан излезе како супер опција за голманската позиција, до толку што Дида сега го сместува меѓу најдобрите светски голмани.

– Во овој момент, го сместувам Мењан меѓу топ шест и топ 10 најдобри голмани во светот, но доброто кај него е што постојано се подобрува.

– Кога го видов, се обидов да го научам на она што јас го научив во фудбалот. Доаѓањето во Милан носи голема одговорност. Му недостигаа фудбалски основи околу голманската техника кога дојде во Милан, но сега е се подобар и блиску е до најдобрите, – вели Дида.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни