Поврзете се со нас

Италија

Дида е убеден: Милан ќе се врати на врвот…

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан го совлада Емполи со 3-0, но таа победа не донесе намалување на разликата во однос на актуелниот лидер во Серија А, тимот на Наполи.

„Росонерите“ остануваат на минус десет во однос на наполитанците, меѓутоа без разлика на тоа легендарниот Дида верува дека клубот од Милано се движи во позитивен правец и ќе има што да каже во борбата за врвот во Калчото.

-Тоа беше одличен настап во сезона која започна со подеми и падови. Мислам дека гледам поголема самодоверба и подобра комуникација помеѓу персоналот и играчите. Се надевам дека овој раст ќе продолжи и резултатите ќе бидат подобри и подобри.

-Нема смисла да гледаме на табелата, треба да размислуваме натпревар по натпревар, поен по поен. Треба да најдеме констатност во нашите настапи, што ни недостигаше досега, но јас сум оптимист во овој поглед. Дефанзивните фази се се подобри и Милан ќе се врати на врвот, како што е традиција за овој клуб. Росонерите исто така ќе бидат големи играчи во Лигата на шампионите и Купот на Италија, -порача славниот Бразилец кој имаше комплименти за тројката Рајндерс, Леао и Мењан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни