Македонија
Дибиров: Среќата беше на наша страна, ова ривалство…

Тимот на Вардар доби уште една битка со Еурофарм Пелистер и го освои Купот на Македонија.
„Црвено-црните“ по една вистинска драма, неизвесност се изборија за славје во Кавадарци со 23-22 и со тоа направија уште еден исчекор кон потврда во доминацијата во македонскиот ракомет со оглед на тоа што се во пол позиција за пехарот и во шампионатот.
Ветеранот Тимур Дибиров беше среќен и задоволен поради освоениот пехар, но во исто време не заборави да спомене колку е одлично ова ривалство на клубовите од Скопје и Битола.
-Секој меч е посебна приказна, бевме свесни дека ќе биде многу тешко, затоа што секоја битка има нешто посебно, секогаш е различно. Имаме ривалство со Пелистер и секој меч е непредвидлив. Честитки до ривалот, овојпат и среќата беше на наша страна.
-Горд сум на моите момци и стручниот штаб што се извлековме од овој тежок натпревар. Важно е што победивме. Ривалството меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е одлично за македонскиот ракомет и верувам дека ќе трае, -порача Дибиров.
-
Светпред 17 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 17 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 19 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 18 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 19 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 6 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
Англијапред 13 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Италијапред 18 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот