Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дибиров со емотивна изјава се потсети на херојскиот успех од пред точно една година

Објавено

на

Вчера се наврши точно една година од големото чудо кое го изрежира Вардар во Келн, успех кој во финалето едноставно беше неминовен откако еден ден претходно, избраниците на Парондо направија подвиг за паметење.

Клучен меч секако беше полуфиналето со моќната Барселона која имаше седум голови позитива на полувремето, но јуначките срца на вардаровите херои одново се покажаа на дело и направија нешто на што никој не се надеваше по првите 30 минути.

Вардар по вторпат во полуфиналињата ја урна Барселона и со победата си го трасираше патот до финалето, а таму му беше одржана шампионска лекција на Веспрем, со која македонската гордост стигна до втора титула во Лигата на шампионите. Истата беше уште послатка од првата поради специфичните околности во кои се освои, бидејќи играчите повеќе од пола година немаа добиено плата од управата која се најде во финансиска криза.

Сепак, на завршниот турнир во Келн, сите проблеми беа ставени на страна и играчите одиграа како едно големо семејство кое го игра ракометот од срце, па може слободно да се каже дека љубовта, храброста и сплотеноста ги победија парите.

– Мина една година, но овој ден никогаш нема да се заборави. Не само поради победата, ова беше ден на кој триумфираше нашиот спорт. Докажавме дека ништо друго не е важно кога си на терен. Во тие 60 минути, не постојат проблеми во животот. Тој успех ме потсетува на детските денови, ме потсети зошто како деца тргнавме да тренираме ракомет, а тоа беше чисто од љубов. Остана во нас да живее таа детска желба еден ден да дојдеш до врвот и да го подигнеш најценетиот трофеј, – вели Дибиров за „Балкан Хендбол“ додека се потсетуваше на минатогодишниот успех.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни