Поврзете се со нас

Македонија

Дибиров со емотивен статус се збогуваше со Вардар: Горд сум што сум дел од ова семејство, засекогаш сте во моето срце!

Објавено

на

Летечкото руско крило, Тимур Дибиров ја заврши приказната со Вардар, приказна која траеше скоро една деценија.

Тој во 2013 пристигна во Скопје и со своите партии, ангажираност, посветеност кон клубот стана вистински миленик на „црвено-црната“ армија на навивачи со која имаше можноста да прослави многу успеси, титули од кои најважни се секако оние две во Лигата на шампионите во 2017 и 2019 година.

Дибиров требаше да остане во Вардар и во нареднава сезона, меѓутоа казната која клубот ја доби од ЕХФ и неможноста да игра во ЛШ го натераа Русинот да ги промени плановите и ја прифати понудата која пристигна од ППД Загреб,

Тој веќе ја испрати првата порака како нов играч на „плинарите“ за да сега преку социјалните мрежи со емотивен статус се збогува со македонскиот првак и неговите навивачи.

-Драги пријатели, веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас. Ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршка, љубов и верба во мене!

-Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството. Сакам да им се заблагодарам на Македонија, Скопје, Комити, навивачите, Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце, -порача Тимур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни