Поврзете се со нас

СЕХА лига

Дибиров си ја отвори душата: Одлуката е моја, во Вардар беше мачење кое веќе немаше смисла

Објавено

на

Еден од најдобрите леви крила во поновата историја на ракометот, Тимур Дибиров по девет години го напушти Вардар и главниот град на Македонија.

38 годишниот руски ракометар потпиша едногодишен договор со тимот на ППД Загреб и кариерата ќе ја продолжи во Хрватска.

Загреб ангажираше неколку проверени имиња меѓу кои и Дибиров, па се очекува во новата сезона да игра главна улога во регионалното натпреварување, а да има значајна улога и во Европа.

По трансферот во Хрватска, Дибиров истакна дека му е жал што заминува од Скопје, но дека останувањето во Вардар било мачење за него.

– Едноставно, одлуката беше моја. Основното е дека сакав да продолжам да играм, но не само да играм туку и да победувам. За жал со Вардар се случи тоа што се случи, секако дека на сите ни е жал, но се на се тоа беше мачење кое веќе немаше смисла.

– Можеби одредена пауза ќе донесе повеќе добро отколку продолжението на проблемите. Секако дека за Вардар сум посебно врзан, затоа со тој клуб го направив најубавото нешто во кариерата и тоа се работи кои нема да ги заборавам. Во Скопје сум девет година, тука сум како дома, но јас сум професионалец и одлучив да ја прифатам понудата на Загреб, -изјави Дибиров за „Спортске Новости“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни