Дибиров: Раул направи институција, Вардар ќе биде моќен и во следната сезона

Dibirov-PS

Најдобриот ракометан македонски состав Вардар во следната кампања ќе има сосема поинаков лик со нов тренер во името на Роберто Гарсија Парондо кој ќе го наследни сега веќе легендарниот Раул Гонзалес.

Меѓутоа без разлика на сите промени што се случуваат и ќе се случуваат, еден од најдобрите играчи на „црвено-црните“, Тумур Дибиров очекува клубот и понатаму да биде моќен и конкурентен.

-Не се согласувам дека ова е крајот на една ера, а знаете ли зошто?  Најважна работа која Раул ја направи е тоа што од овој клуб создаде машина, институција, која може без него, без Арпад и без мене. Да, Раул си заминува, знаеме за каков тренер станува збор, но оваа машина само треба да продолжи да работи, работи, работи. Не очекувам да бидеме послаби, одиме само напред  и така сакаме да продолжиме. Цел живот зборуваме дека Кил и Барселона се институција. Се додека ние имаме таква поддршка, љубов од државата, навивачите, целиот Балкан, зошто да не, -истакна Дибиров за „Балкан Хендбол“.

Летечкот Русин воедно потврди дека неговите ппланови се поврзани само со Вардар.

-Да тоа е така. Повторно ќе имаме руски шмек? Тоа се  шпекулации, не е вистина. Сега сме исто со Србите или Хрвати. Сеедно е дали во Вардар има еден или три Руси, најважен е резултатот. Така може да зборуваме и за Шпанците и за останатите. Мојот план е да му помагам на клубот и ако клубот има доверба во мене ќе бидам среќен тука да ја работам својата работа уште многу години, -додаде крилото.

Facebook Коментари