Македонија
Дибиров: ПСЖ го одбив поради Вардар, во животот секогаш сум се…

Тимур Дибиров веќе долго време е во редовите на Вардар, клуб на кој му остана верен и покрај сите проблеми и понуди кои ги имаше на маса за да си замине од Скопје.
Руското крило и во наредната сезона ќе биде дел од „црвено-црните“ и новиот проект предводен од Михајло Михајловски, поточно дефинитивно ќе биде еден од најзначајните играчи. Неговото искуство и квалитет ќе биде од голема помош особено кога работите се средени.
-Јас до последно чекав и се надевав дека ќе продолжи да живее и биде во состојба да остварува одлични резултати. Чекав среќно решение, ризикував затоа што периодот во кој не беше јасна судбината на Вардар беше долг. Радосен сум што повторно се формираше борбена екипа и ќе продолжиме понатаму, -истакна Тимур кој има сериозни понуди од Мешков Брест и Монпелје.
-Веќе зборував за пеговорите со Мешков Брест, имам одлични односи со управата и спортскиот директор Павел Башкин. Понудата беше одлична, такви понуди обично не се одбиваат, ама јас сакав да останам во Вардар. Во декември имав понуда од Монпелје, ама тоа беше на средина на сезоната, јас бев посветен на подготовките за ЕП со Русија, -рече крилото кој се потсети на 2013 и понудата која ја имал да се пресели во ПСЖ, но неговото срце го донело во Вардар.
-Во животот често сум се потпирал на чувствата, иако тоа не изгледа секогаш логично. Кога во 2013 година се одлучив да се преселам во Вардар, во рацете исто имав договор од ПСЖ. Изборот беше необјаснив. Вардар беше далеку од ова што е денеска, а во ПСЖ веќе играа Хансен, Абало…Ама чувствував дека подобро ќе биде во Вардар. Добивав многу понуди и тоа од одлични клубови да си заминам. Скопје ми се допаѓа и овде сум среќен сум, -порача Русинот за „Брз Центар“.
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Балканпред 22 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 17 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Шпанијапред 23 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 22 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 15 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 18 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…