Поврзете се со нас

Македонија

Дибиров пред настапот на Вардар на Ф4 турнирот во Задар направи паралела со тимот на Раул: Ни треба време..

Објавено

на

Екипата на Вардар во моментов е во Хрватска каде на 4 септември во Задар ќе го одигра полуфиналниот натпревар од СЕХА лигата против тимот на Загреб.

За вардарци ова е деветто учество на Ф4 турнирите во регионалното натпреварување кое го освојувале пет пати.

Сега во многу поинаква ситуација вардарци отпатуваа во Загреб и за прв пат се чини дека не се меѓу фаворитите.

Дека на тимот му треба време за да се воигра и да достигне едно посакувано ниво знаат сите играчи, а тоа го потенцираше најискусниот, Тимур Дибиров.

– Сега ситуацијата е малку поинаква, затоа што во минатото бевме посигурни во себе и поподготвени. Има причини за тоа, знаеме дека и јавноста и сите од нас очекуваат подобра игра од тоа што го прикажавме. Не сакам да се оправдувам, но многу значи кога десет нови играчи треба да се вклопат во тимот. Тоа уште не функционира како што треба и ќе ни биде тешко, -изјави Дибиров кој потоа направи паралела со Раул Гонзалез кој постигна голем успех освојувајќи ја Лигата на шампионите со Вардар.

-Раул го подготвуваше тимот  четири години, ни месец ни два, ни година дена. Кога дојде Роберто имавме систем кој функционираше и беше полесно да се работи кога ќе промениш само еден играч.

– Сега почнавме од нула, можеби не сме толку добри и сигурни, но кога ќе го промениш цел тим и се треба да почне од нула знаеш дека треба да се носиш со тој притисок. Очекуваме подобри настапи кога ќе помине полусезоната, знаеме зошто сме тука ги знаеме задачите и сакаме да го реализираме тоа. Тоа не може да се реализира во август, септември и октовмри. Секој има своја цел, ние ја зацртавме нашата, можеби со мали чекори но ќе одиме само напред.

-Сега играме полуфинале со Загреб и на секој натпревар мора да покажеме подобар игра од претходниот. Тие се во иста ситуација како нас, го променија тренерит ,имаат многу нови играчи. Меѓу себе играат два тима кои си го бараат своето ново лице според кое ќе бидат препознаени. Ќе видиме кој успеал да стигне прв до таквата цел, -заклучи Дибиров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни