Дибиров: Ќе биде комплицирано со Порто, ама сите знаат како ние играме во Скопје

timur

Вардар во недела го игра првиот домашен меч во Лигата на шампионите, а противник им е составот на Порто кој е преводен од познатиот Магнус Андерсон,

Македонскиот шампион е фаворит на хартија, но тоа сака да го потврди и на теренот во СЦ „Јане Сандански“ против екипа која сака да игра „седум на шест“.

-Ова ни е прва средба на домашен терен како европски шампиони и тоа е посебно чувство. Очекувам салата да биде полна, а ние да одговориме со добра игра. Без разлика на противникот секогаш ќе биде тешко, па очекувам многу голема поддршка. Сите добро знаат како ние играме во Скопје, очекуваме победа. Ќе биде комплицирано затоа што Порто игра „7 на 6“, па мораме да се адаптираме на тој стил и не верувам дека некој може да не изненади. Добро анализираме, се концентрираме само на победа и одиме напред, -порача руското крило Тимур Дибиров.

Facebook Коментари