Дибиров: Кил ни покажа до каде сме, сега мора да…

timur

Составот на Вардар беше надигран и убедливо совладан од Кил во денешниот меч во Лигата на шампионите.

Бундеслигашот одигра страшно прво полувреме во кое дозволи само четири голови (16-4) со што си овозможи да создаде голема предност која без проблеми ја одржа во вторите 30 минути. Вардарци признаваат дека едноставно Кил подобар од нив денеска, но воедно им се благодарни на „зебрите“ што им покажале дека пред нив е уште доста работа за да бидат на нивото што го посакуваат.

-Честитики до Кил за добрата игра и победата. Мислам дека и тие не очекуваа ваков резултат. Ние мораме машки да се соочиме со ова, натпреварот беше коректен и мора да им признаеме. Јас пред мечот сакав да знам каде сме, сега знаеме каде сме, им благодарам што ни покажаа. Сега мораме да работиме, имаме одговорност кон сите тие луѓе кои денеска навиваа за нас во сала, на ТВ, секаде. Сите видовте што се случи, ние пробавме во вториот дел да се вратиме во игра, ама не сме спремни за таков кам-бек, -истакна крилото Тимур Дибиров.

Facebook Коментари