Поврзете се со нас

Македонија

Дибиров: Еден меч во „Јане Сандански“ ми остави поголема трага од двете финалиња!

Објавено

на

Тимур Дибиров пристигна во Скопје од Чеховски Медведи во 2013-та година и во овие осум изминати сезони сосема заслужено се сткена со епитетот легенда на Вардар, клуб со кој успеа на двапати да стане Европски шампион.

Руското крило одигра круцијална и многу важна улога во двата походи кон трофејот во Лигата на шампионите и може да се пофали дека му остана верен на клубот и во најтешките моменти, а како еден од староседелците во актуелниот тим на Вардар, Дибиров беше гости во последниот ТВ магазин на СЕХА лигата.

Тимур беше запрашан која е првата работа која му паѓа на памет кога ќе се споменат двете титули во најелитното ракометно натпреварување, а неговиот одговор е следен:

– Прво што ми паѓа на памет е напорната работа. Тие успеси не доаѓаат така лесно. беше вложен голем труд, имаше нервози и емоции. Многу работи треба да се вклопат во едно за да се станете шампион на Европа, треба да имате  доста среќа и трпение. За нокаут фазата во Лигата на шампионите, ние моравме да се подготвиме со сериозни противници. СЕХА лигата ни даде голема мотивација и самодоверба, особено пред првата европска титула, кога го победивме Веспрем во финалето на регионалната лига пред фајнал-форот во Лигата на шампионите, – вели Тимур кој вели дека еден меч посебно ќе го памети, повеќе и од двете финалиња.

– Најголема трага ми остави натпреварот со ПИК Сегед од четвртфиналето во 2019 пред да ја освоивме втората европска титула. Тоа беше многу емотивен меч во „Јане Сандански“, голем дел од играчите мислат дека е тоа последен меч, дека се простуваме со таа прекрасна публика. Беше неверојатно емотивно и затоа тој меч ми остави најголема трага, – потенцира Дибиров.

– Вардар е посебен клуб и тоа не се само зборови колку само да се каже тоа. Во последните седум или осум години тука играа големи имиња, тие што беа тука знаеја дека играат во тим кој е желба на многу ракометари. Дресот на Вардар тежи две европски титули и затоа и сега многу големи имиња сакаат да играат во Вардар, – завршува Русинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни