СЕХА лига
Дибиров доминираше во Нови Сад, Дејвис се израдува на прва победа во СЕХА

По поразот од Нексе на отворањето на новата сезона во СЕХА лигата, Вардар денеска ја почувствува и сласта на победа, односно тоа посебно се важи за тренерот Давид Дејвис кој сигурно има зошто да биде задоволен со оглед на тоа што се обидува играчите што побрзо да ги сфатат неговите идеи.
Македонскиот првак издоминира на гостувањето во Нови Сад и оствари убедлива победа изразена со десет голови разлика (16:26), што најдобро говори за разликата во квалитет на теренот.
Вардар се мачеше во првиот дел кој го доби со 9:11, но потоа направи серија од 7:1 на стартот на второто полувреме и стана јасно дека ќе ја оправда улогата на апсолутен фаворит.
Тимур Дибиров беше најрасположен за игра во составот на гостинскиот тим и постигна седум погодоци, а по четири постигнаа фантастичните бекови, браќата Њокас.
– Ова е многу важна победа за нас во пресрет на тешкиот распоред во февруари. Се уште работиме на деталите и нашата игра и тешко е да се игра без средни бекови. На крајот, добар меч како колектив, задоволен сум бидејќи добивме шанса да се надградуваме и да работиме на нашата игра, – изјави Дејвис.
-
Англијапред 20 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 13 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 21 час
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 13 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 20 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 22 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)