Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дибиров детонираше „бомба“: Ова е мојата последна сезона во Вардар!

Објавено

на

Ракометниот портал „Само ракомет“ денеска објави видео подкаст во кој гостин е Тимур Дибиров, ракометар на Вардар кој речиси цела деценија е дел од скопските „црвено-црни“.

Русинот беше дел од тимот во двата наврати кога Вардар стигна до европската титула, најпрвин во 2017 година, а потоа и во 2019 година.

– Не знам дали е вистински момент или не, но сакам да објавам кај вас дека ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мој последен во Лигата на шампионите за Вардар. Би сакал да одиме во Битола, да победиме и на тој начин да се збогувам со овој дрес,- вели Дибиров во интервјуто за „Само Ракомет“.

Дибиров рече дека за неговата тешка одлука постојат повеќе причини, но не сака да зборува за тоа.

Во комплетното интервју тој отвора и други теми, како на пример изборот на играчи кои биле во меѓувреме донесени во Вардар, поради што Ви го препорачуваме за комплетна информираност да го изгледате во целост, со клик на овој линк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни