Поврзете се со нас

Италија

Дибала за последен пат го напушти Тригорија центарот, поранешниот агент откри зошто си заминува од Рома (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома му даде зелено светло на Пауло Дибала да преговара со Ал Кадсијах од Саудиска Арабија, по што стана јасно дека клубот од италијанската престолнина е подготвен да остане без својата голема ѕвезда.

Последните информации од Италија велат дека е се договорено и дека Дибала денеска за последен пат се поздравил со своите соиграчи од Рома, пред да замине за Саудиска Арабија каде ќе заработи 75 милиони евра за три години.

Богатата понудата беше доволно атрактивна за да биде прифатена, без оглед на тоа што Пауло во оваа фаза од кариерата се откажува да игра фудбал на најврвно ниво.

Аргентинецот има 30 години и неговото заминување значи дека Рома ќе се ослободи од огромна плата, па со освежување на својот буџет ќе може да си дозволи и атрактивно засилување.

Планот е Де Роси да добие адекватна замена до крајот на летниот преоден рок, но без оглед на се, фановите на Рома се покажаа како големи џентлмени и му се заблагодарија на Дибала за се што направи за клубот во изминатите две години.

Дибала пристигна како голема ѕвезда на „Олимпико“ и во Рим беше пречекан како император, спомени кои сигурно ќе ги памети до крајот на животот.

Во меѓувреме, со изјава за заминувањето на Аргентинецот се јави и неговиот поранешен агент, кој смета дека Пауло прифатил трансфер во Саудиска Арабија бидејќи се намалило неговото значење во тимот на Де Роси.

– Пауло е човек кој мора да се чувствува во центарот на проектот, сака се да се врти околу него. Кога некој ќе ја намали вербата во него, вие губите 50 проценти од Дибала како играч, но и како човек. Очигледно, тој не добил позитивни сигнали на состанокот со тренерот на Рома, па на крајот претпочита да заработи огромни пари, наместо да биде играч плус во тимот на Рома, – вели Клауди Анелучи, некогашниот агент на Аргентинецот.

Реклама
Реклама

Италија

Италијапред 3 часа

Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)

Милан не забележа ниту една победа во првите три рунди во Серија А, па затоа мечот од четвртото коло против...

Италијапред 5 часа

Прв вистински кикс на Тиаго Мота: Јувентус остана без муниција на „Карло Кастелани“

Тиаго Мота не креваше паника по ремито со Рома на домашен терен пред две недели, но тренерот на Јувентус денеска...

Италијапред 7 часа

Де Роси ја објаснил ситуацијата со „замрзнатиот“ Залевски

Италијанските медиуми го преселија Никола Залевски во редовите на Галатасарај, но неуспешните преговори со турскиот клуб спречија вакво сценарио и...

Италијапред 9 часа

Мајката на Рабио: Јувентус никогаш не бил опција

Адријан Рабио реши да се раздели со Јувентус по завршувањето на договорот со италијанскиот клуб, но иако слободен агент, досега...

Италијапред 12 часа

Лофтус Чик за лошиот старт на Милан: Мора да ја погледнеме големата слика…

Милан не тргна во новата сезона како што се очекуваше и во првите три кола во Серија А освои само...

Реклама

Популарни