Поврзете се со нас

Свет

Дибала со посебни зборови за „Олд Трафорд“ и играчот со кој сака да игра во ист тим: Тоа беше незаборавно

Објавено

на

Пауло Дибала вчера конечно соопштил дека после шест седмици ја добил битката со коронавирусот и неговите два теста се негативни, па позитивната вест беше добар повод да одработи едно онлајн интервју за официјалниот сајт на УЕФА.

Аргентинската фудаблска ѕвезда во едно од поставените прашања, одговораше и за најдрагиот разменет дрес кој го чува во својот дом, потенцирајќи дека исиот е оној кој го разменил со Пол Погба за време на натпреварот меѓу Јунајтед и Јувентус во Лигата на шампионите.

Дибала го постигна единствениот гол на тој меч кој Јувентус го доби со 0:1, но наспроти блискоста со Погба, нагласи и дека било посебно чувството да се игра на „Олд Трафорд“.

– Не можам да се свртам, а да не помислам на размената со Погба. Дресот доаѓа од Манчестер, од мојот пријател Пол кој многу го почитувам како личност, многу повеќе отколку како фудбалер. Имав можност да делам незаборавни монменти со него и се надевам дека некогаш повторно ќе играме заедно, – порача Дибала.

– Беше незаборавно да се игра на „Олд Трафорд“, тоа е еден од најважните стадиони во светот. Атмосферата ве запрепастува и останувате без здив. Фактот што постигнав гол и го разменив дресот со мојот пријател е еден од најубавите моменти во кариерата, – завршува Пауло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни