Поврзете се со нас

Италија

Дибала со јасна порака до соиграчите: Не може секогаш да победуваме 1:0

Објавено

на

Пауло Дибала се врати на фудбалските терени по пауза од точни три недели и се покажа како „џокер“ за Масимилијано Алегри во дерби пресметката со Интер, на која Јувентус успеа да се избори за реми и освоен бод во самата завршница.

Аргентинецот ја презема одговорноста за изведување на пеналот за кој се избори Сандро и го постави конечниот резултат на „Џузепе Меаца“ (1:1), но по средбата, нагласи дека тој и соиграчите не можат да бидат задоволни од тоа како функционираат во нападот.

Јувентус влезе во серија од девет натпревари без пораз во сите натпреварувања, но Дибала смета дека мора да бидат поконкретни и поотворени во нападот, бидејќи не може секогаш да победуваат со минимални 1:0.

– Ние сме Јувентус и секогаш играме за да победиме. Но, имавме силен ривал за противник во Интер и со оглед на тоа како се одвиваше натпреварот, може да бидеме задоволни од бодот. Дефинитивно мора да се подобриме во еден сегмент. Мора да се подобриме во нападот.

– Ако се обидуваме да победуваме само со еден гол разлика, ќе имаме големи проблеми кога први ќе примиме гол. Знаеме дека можеме да сочуваме резултат 1:0, но мора да бидеме поефикасни во нападот. Имав многу повреди во последно време и не уживав надвор од теренот. Се надевам дека сега ќе им помогнам на моите соиграчи, – изјави „10-та“ на Јуве.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни