Италија
Дибала со емотивно обраќање до фановите на Јувентус: Нашите патишта се разделуваат (Видео)

Пауло Дибала не можеше да прекине да плаче на вчерашниот натпревар против Лацио, кој беше последен за него во дресот на Јувентус на стадионот во Торино.
Во заедничката проштална вечера која ја имаа со Кјелини, Аргентинецот беше оној кој не можеше да ги контролира емоциите и беше постојано тешен и поддржуван од своите соиграчи, па откако успеа да се прибере, сега им испрати и емотивно видео на тифозите на Јувентус.
Огромен дел од фановите на Јуве се против одлуката на клубот да не му се продолжи договорот на Аргентинецот, па поради тоа, управата доби и свирежи за време на дербито со Лацио.
– Дојдов тука на 21 година, бројка која ја имав и на дресот кој го носев. Овие изминати години, пораснав како играч и како личност. Тоа беа убави години, години исполнети со забава, работа, голови и победи. Не беше секогаш се како што посакувавме и како што заслужувавме, но никогаш не се откажавме.
– Благодарение на овои тим, остварив високи цели, тука добив специјални соиграчи и секогаш ја чувствував љубовта од тифозите и од луѓето и децата, тоа нема да го заборавам. Со текот на годините, одговорностите растеа и јас се обидував секогаш да го дадам најдоброто. Бевме заедно седум години, седум години во кои минавме убави моменти, но и тешки моменти. Нашите патишта се разделуваат, но секогаш ќе бидете во моето срце бидејќи покажавте голем респект. Се надевам дека се погрижив за скапоцено време, ви благодарам на сите, – гласи обраќањето на Дибала.
-
Англијапред 16 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 8 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Светпред 17 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 8 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 15 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 16 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски