Поврзете се со нас

Италија

Дибала се врати со гол, Јувентус го победи Наполи (Видео)

Објавено

на

Јувентус успеа да го победи Наполи во заостанатиот натпревар од првиот дел на сезоната (2:1), а Пауло Дибала со погодок го одбележа враќањето во тимот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно доби мала минутажа и влезе во игра во 76. минута.

По подолго време, тимот на Андреа Пирло одигра поквалитетен натпревар и по првата нереализирана шанса преку Роналдо, Португалецот не погреши вторпат и во 13. минута ја претвори асистенцијата на Киеза во погодок.

Домаќините доминираа на теренот, во меѓувреме не реализираа неколку зицери, а на спротивната страна најголемата шанса ја имаше капитенот Инсиње, чиј удар беше одбранет од страна на Буфон.

По долга пауза, во домашниот тим се врати Дибала, влезе во игра во 69. минута, а четири минути подоцна веќе реализираше за зголемена предност и голема радост засебе и за соиграчите.

Јувентус ја одржуваше предноста до 90. минута, кога беше досуден пенал за Наполи, а Инсиње го претвори во гол за конечни 2:1.

Со оваа победа, Јувентус има три бода повеќе од тимот на нашиот Елмас и ја продолжува битката за Топ 4 пласман, бидејќи Интер е се поблиску до титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни