Поврзете се со нас

Италија

Дибала откри на кој начин го предизвикал Роналдо

Објавено

на

Пауло Дибала има сезона за заборав на индивидуално ниво, но истото може да се каже и за колективен план, бидејќи Јувентус и дефинитивно нема да биде шампион во Италија по пауза од цели девет години.

По девет последователни Скудета во низа, „старата дама“ по се изгледа ќе го предаде тронот на Интер, сценарио кое е се поочигледно и со кое се има помирено аргентинската ѕвезда во составот на Андреа Пирло.

– Оваа сезона беше тешка за мене, но колективно гледано, се уште имаме за што да се бориме. Ни преостанува финалето во Копа Италија и би било убаво да победиме против Аталанта и да освоиме трофеј. Сепак, ова е негативна година за нас, Скудетото ќе го освои Интер, а ние сме навикнати да победуваме.

– Ова е различна година за нас, но променивме многу работи и не е изненадувачки. Променивме многу играчи, го сменивме тренерот. Се надеваме дека наредната сезона ќе биде многу подобра и ќе научиме од овие грешки, – изјави Дибала кој одби да избере фаворит меѓу Меси и Роналдо, но откри дека има интересен предизвик со Португалецот.

– Имаме еден предизвик со Роналдо во последно време. Се натпреваруваме кој ќе стигне прв до 100 гола за Јувентус. Мене ми недостасува еден, него три. Тој секогаш сака да победува, дури и кога губи на тренинг, станува неподнослив неколку минути, – открива Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни